Поранешниот селектор на Бразил, Доривал Жуниор, потпиша договор со Коринтијанс до крајот на 2026 година, објави клубот од Сао Паоло.
Ова е прва работа за искусниот стратег по отказот од клупата на петкратниот светски шампион во март, по поразот од Аргентина со 1-4 во квалификациите за Светското првенство.
Првиот натпревар на Жуниор како тренер на Коринтијанс ќе биде во среда, против Новоризонтино во Купот на Бразил.
O momento da assinatura do contrato. ✍🏼
— Corinthians (@Corinthians) April 28, 2025
Dorival tem vínculo com o Corinthians até dezembro de 2026. 🏴🏳️
📸 Rodrigo Coca / Corinthians #BemVindoDorivalJúnior#VaiCorinthians pic.twitter.com/CsqEHa2Pdv
„Ова е важен момент во мојата кариера. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата“, рече Доривал Жуниор во видео објавено од клубот на социјалните мрежи.
Тој го заменува Аргентинецот Рамон Дијас, кој беше отпуштен претходно овој месец. Екипата каде што игра Холанѓанецот Мемфис Депај има сериозни проблеми во одбраната.
Коринтијанс се наоѓа на 12-тото место на табелата по шест одиграни кола со седум освоени поени. Во неделата доживеа тежок пораз од Фламенго со 0-4.
Ова ќе биде уште еден клуб во богатата тренерска кариера на 63-годишниот Жуниор, кој досега има водено повеќе бразилски гиганти, меѓу кои Фламенго (трипати), Сантос (двапати), Сао Паоло (двапати), Крузеиро, Васко да Гама, Флуминенсе, Палмеирас, Интернасионал и други.