Поранешниот селектор на Кина доби доживотен затвор поради корупција!

Легендарниот италијанец, Марчело Липи, во 2019-тата година ја напушти селекторската позиција во репрезентацијата на Кина, а на негово место изненадувачки беше назначен Ли Тие. Поранешниот репрезентативец на Кина, неодамна во телевизиско гостување призна дека селекторското место го платил 400.000 евра на тогашните функционери во Фудбалскиот сојуз.

– „Многу ми е жал. Требаше да одам по прав пат и да стојам цврсто на земја. Меѓутоа, постоеа некои работи кои беа нормални во фудбалот тогаш. Бес нестрплив и сакав брзо да дојдам до резултати и се служев со нечесни средства. Директно влијаев на судиите, ги потплатував противничките играчи и тренери. едноставно тоа ми стана навија, но и опсесија.“ – рече Ли Тие.

Поранешниот кинески селектор мислеше дека заради признанието ќе добие поблага казна, но сепак во Кина не ги простуваат ваквите престапи на давање мито и корупција. Затворски казни заработија и двајца поранешни функционери на Фудбалскиот сојуз на Кина, кои во затвор ќе мина 15, односно 13 години.

- Оглас -

Најнови вести