Поранешниот селектор на Шпанија ја заврши авантурата во Кнежевството

Монако му врачи отказ на Роберто Морено по седум месеци и 12 меча соработка. Ексселекторот на Црвента фурија од средината на декември минатата година ги презеде Кнезовите, меѓутоа не ја убеди клупската управа дека е вистинскиот човек за работата.

Кнезовите во 12 натпревари под палката на Морено остварија само пет победи, учинок кој не е доволен за францускиот првак од сезоната 2016/17.

„Нашите патишта се разделија порано од очекуваното, но би сакале да му се заблагодариме на Морено што го прифати предизвикот. Роберто направи сè што можеше да го врати тимот каде што му е местото, затоа му посакуваме многу среќа во иднина“, стои во соопштението на Монако.

Кнезовите се подготвуваат за новата сезона, а како прв кандидат за жешкото столче се споменува поранешниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести