Поранешниот шампион на Англија се врати во Чемпионшип, па следуваше лудо славење на навивачите (Видео)

Екипата на Портсмут на две кола пред крајот на англиската Лига 1 и теоретски го обезбеди првото место и по седум сезони се врати во Чемпионшип дивизијата, односно вториот ранг во англискиот фудбал.

Тие вечерва го победија Барнсли на домашен терен со 3-2, а по последниот свиреж на судијата, следуваше лудо славење на навивачите на оваа екипа кои втрчаа на тревникот.

Портсмут е двократен шампион на Англија, а титулите ги има освоено во 1949 и 1950 година, а од 2003 до 2010 играа во Премиер лигата.

https://twitter.com/secondtierpod/status/1780340188134154631

- Оглас -

Најнови вести