Поранешниот шампион на Португалија, Боависта, е пред официјално гасење, откако Врховниот суд на оваа земја нареди дека не смее да играат во ниту една лига, бидејќи нивните долгови не само што се превоски, туку и постојано растат.
Боависта минатата сезона испадна од најквалитетната португалска лига, а годинава ја загуби лиценцата за настап во професионалните лиги, по што следуваше одбивање и од четвртата, петтата, шесттата и седмата лига.
Опција е формирање на нов клуб и почнување од нула, но навивачите стравуваат дека на тој начин ќе ја изгубат богатата историјата која ја има клубот. Боависта во 2001 година сензационално ја освои титулата во Португалија и стана само втората екипа во историјата на португалскиот фудбал која ја прекинала доминацијата на големата тројка (Порто, Бенфика и Спортинг), по Белененсе.
Боависта го има и еден од најубавите стадиони во Португалија, на кој се играа и натпревари од Европското првенство 2004 година.

