27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Поранешниот спортски директор Данчо Масев призна вина во случајот за организирана трговија со дрога

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судскиот процес против организирана криминална група обвинета за набавка и продажба на наркотични средства, а меѓу обвинетите се наоѓа и Данчо Масев, поранешен македонски репрезентативец и до неодамна спортски директор на фудбалската репрезентација.

Масев признал вина за делото за кое е обвинет при денешното појавување пред судот. Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против вкупно 10 лица, од кои седум претходно склучиле спогодби и добиле казни од 3 до 3,5 години затвор.

Според обвинителниот акт, групата делувала структурирано и организирано, со јасно распределени улоги, а дрогата се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана.

Масев беше уапсен во март, додека ја извршуваше функцијата спортски директор на А-репрезентацијата. Веднаш по апсењето, Фудбалската федерација на Македонија го разреши од функцијата.

Судот донесе одлука постапката за Масев да се одвои, а на наредното рочиште ќе биде изречена и пресудата за него.

- Оглас -

Најнови вести