Спринт-трката за ГН на САД која се возеше минатата сабота е уште еден доказ за малиот интерес кај гледачите за ваквиот тип трки. Тоа е причината и за разгледување на неколку опции кои треба да се спроведат од следната сезона, а веќе се разговараат помеѓу шефовите на Формула 1 екипите.
Предлогот е следната сезона да се укинат квалификациите за спринт-трката и да се возат само едни квалификации, оние за главната трка. Сепак, тоа не значи дека спринтот ќе биде укинат, туку најдобрите 10-мина возачи од квалификациите да возат спринт, но да стартуваат по обратен редослед од пласманот. Тоа би значело дека десеттиот од квалификациите ќе тргне прв, а најдобриот како последен.
Коментар за ваквите најави имаше и поранешниот светски шампион Себастија Фетел, кој вели дека ова е глупост.
„Ова е голема глупост. Не знам кој генијалец се сетил на вакво нешто, но тоа не е решение. Тоа е комплетно погрешен пристап“, вели Фетел.
Пред извесен период ваквите најави ги коментираше и Луис Хамилтон.
„Луѓето кои го предложиле тоа всушност немаат поим за што зборуваат“, кратко прокоментира Хамилтон.
Следната трка од Формула 1 календарот се вози претстојниов викенд во Мексико.