Поранешниот словенечки тренер, Змаго Сагадин, кој во 2014 година седеше и на клупата на МЗТ Скопје, смета дека регионалното кошаркарско натпреварување, АБА-лигата, може да се распадне поради тензиите во Србија.
„Таа лига ќе се изумре највеќе поради тензиите во Србија. Хрватските екипи не се конкурентни за највисок пласман во АБА-лигата туку се борат да преживеат и да останат во Лигата, а слично е и со словенечките. Ако хрватските екипи се фокусираат на домашното првенство, тогаш можат да стават клуч на бравата. Балканската кошарка заостанува зад европската, освен Партизан и Црвена звезда, останатите екипи воопшто не се конкурентни во Европа“, изјави Сагадин во интервјуто за „Антена“.
Според Словенецот, главна причина за неконкурентноста на екипите од регионот со европските е запостанување на развојот на млади кошаркари.
„Доколку младите кошаркари кои си заминаа од Задар веруваа дека ќе бидат дел од првиот тим, ќе останеа. Но, не веруваа во такво нешто и си заминаа. Тоа е огромен проблем во целиот регион бидејќи нема повеќе производство на млади кошаркари. Во АБА се помалку има простор за развој на младите играчи. АБА-лигата во овој момент стана натпреварување во кое има премногу странски кошаркари“, смета Сагадин.
Минатата сезона и македонскиот шампион МЗТ Скопје беше дел од АБА-лигата, но во следната ќе игра во втората АБА-лига заедно со Пелистер и ТФТ.