Поранешните европски шампиони на мегдан во Чезена

Англија У21 – Франција У21 (21 часот – ЕП за млади, прво коло)

Европскиот шампионат за играчи до 21 година на стартот приреди неколку возбудливи средби, а за денес на програмата е дербито меѓу Англија и Франција. Поранешните прваци во ова натпреварување три години чекаат на меѓусебен дуел, а групата Ц им овозможи да си ги одмерат силите. Англија и Франција се фаворити во нивната група и од нив се очекува пласман во следната фаза, а секако да бидат меѓу последните селекции на ова ЕП.

Од 2005 година, овие две селекции одиграле пет натпревари меѓу себе, а четири од нив им припаднаа на Триколорите, додека еден меч заврши со реми 1-1. Предводени од Фил Фоден, младата ѕвезда на Манчестер сити, Англичаните ќе целат на прва победа против француската селекција, но најдобро е овој меч да се типува на голови.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.0)

 

Романија У21 – Хрватска У21 (18:30 часот – ЕП за млади, прво коло)

Пред дербито Англија – Франција, од групата Ц се среќаваат останатите две репрезентации. Младите Хрвати се фаворити на хартија во пресрет на мечот со Романија, но тие им се непознати противници и многу лесно може да ги потценат и да зажалат за тоа. Најголема закана за Коцкестите ќе биде синот на романската легенда Георге Хаџи, Јанис, но самите Хрвати сметаат дека ова им е најдобра репрезентација до 21 година која ја имале во изминативе неколку години и имаат големи очекувања.

Пораз од Швајцарија со 4-1 им е единствен негативен резултат на Хрватите во последните 10 нивни средби, додека формата на Романија не ветува дека може да издвојат позитивен резултат.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.10)

 

Италија ж. – Бразил ж. ( 21 часот – Светско првенство жени, трето коло)

Дербито во третото коло на женскиот Мундијал одлучува кој ќе патува во нокаут-фазата како првопласирана селекција од групата Ц. Но, двете репрезентации се свесни дека и Австралија ќе се обиде да им ги помати сметките, така што пораз не доаѓа предвид ниту кај Италијанките, а ниту кај Бразилките.

Кариоките уште ги боли поразот од Австралија со конечни 3-2, па за тоа разочарување ќе ја натераат да плати Италија. Во трите претходни меѓусебни средби Бразил не знае за пораз од Италија, победите од 2-0, 5-1 и 3-1 им се мотив да ја продолжат таа традиција.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.18)

 

Боливија  – Перу (23:30 часот – Копа Америка, второ коло)

Боливија цели на први бодови на јужноамериканскиот шампионат, а Перу ќе сака да го наплати ремито со Венецуела, во кое им беа поништени два гола. Катастрофалната форма на Боливија од подготовките продожи и на првенството и ако не сменат нешто во нивната игра, нема да биде изненадување ако уште еднаш останат разочарани.

Перу повеќе од 10 години не знае за пораз против оваа селекција, а во улога на големи фаворити целат на нов успешен исход.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.90)

 

Бразил – Венецуела (02:30 часот – Копа Америка, второ коло)

Малку повеќе од два часа по полноќ според наше време, домаќинот Бразил во Салвадор ќе се сретне со Венецуела. Кариоките по очекуваниот триумф над Боливија, имаат намера по две кола да го осигурат својот пласман во следната фаза. Се виде дека можат да играат и без најголемата ѕвезда Нејмар, неговото отсуство го пополнија Кутињо, Фирмино, додека младите Ричарлисон, Евертон и Нерес покажаа дека заслужуваат да се меѓу сениорите.

Победата од 2-1 во 2009 година е единствена за Боливија против Бразил во поново време, а избраниците на Тите ќе се погрижат така да остане и по вечерашната средба.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести