Пораз без горчлив вкус – Металург се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа

Металург успеа да го прегрми тешкото госување кај Криенс и со пораз од 21:22 вечерва во Цирих и се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа на ЕХФ.

Металурзите одат понатаму со вкупен резултат 47:46, откако го добија првиот меч во Скопје со 26:24. Вечерва беше драматично во Цирих, а Швајцарците постојано водеа, но поискусниот тим што има играно и четвртфинале во Лигата на шампионите, успеа да се одбрани и да се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа.

Криенс предводен од ефикасниот Гаврановиќ, кој постигна шест гола од 7 обиди, имаше предност од 12:11 по првото полувреме, но Металург одигра квалитетно, на мал број голови, па иако во последниот напад домаќините имаа ракометар повеќе, и да постигнеа гол, ќе испаднеа.

Металург не дозволи комплетна драма, успеа да го одбие налетот на Криенс и ќе игра во Лигата на Европа.

Гаврановиќ со шест гола беше најефикасен во реваншот, а кај Металург прв стрелец со пет погодоци од пет удари беше Бранко Канкараш. По 4 гола постигнаа Марко Тарабокија и Златко Хорват.

 

- Оглас -

Најнови вести