Пораз на Јотовски за крај на настапот на Источноевропскиот шампионат

Томислав Јотовски не успеа да ја мине првата фаза по групи на Источноевропскиот шампионат, егзибициски турнир што се игра во Србија, по поразот со 2:6, 3:6 од Марко Тепавац.

Тепавац беше прв фаворит во групата, во која покрај Јотовски играа уште двајца негови сонародници од Србија и со максимален ефект од три победи го освои првото место.

Јотовски заврши на третата позиција со една победа против Јандриќ и порази од Чачиќ и од Тепавац, што не е доволно да продолжи на турнирот.

Во првиот сет денеска македонскиот тенисер на двапати го загуби својот сервис и за 43 минути игра му дозволи на фаворитот да поведе.

Речиси идентично траеше и вториот сет и повторно Јотовски загуби два свои сервиси, па брејкот во петтиот гем не му беше доволен за да му се закани со пресврт на Тепавац.

Заедно со денешниот противник на Јотовски во следната фаза се пласираше и Чачиќ, со ефект од две победи и еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести