Пораз на Спартанците, Турците беа пресилни во Скопје и славеа со 3:1

Турција беше пресилна за македонските Спартанци и славеа во Скопје со 3:1 во сетови, во вториот меч од одбојкарските квалификации за настап на следното Европско првенство.

Гостите почнаа подобро и го добија стартниот сет со 25:18, а со идентичен резултат во најдобриот сет што го одигравме на мечот возврати Македнија за 1:1.

Клучен беше третиот сет, што повторно заврши со идентичен резултат од 25:18, а го добија Турците и поведоа со 2:1 во сетови, по што се распадна играта на Македонија.

Последниот сет беше само рутина за првиот фаворит во нашата група, го добија со 25:12 за триумф од 3:1. Турција има две победи во две кола, а за нас по првиот пораз во вториот меч, клучен ќе биде утрешниот меч со БиХ, селекција што ја победивме со 3:1 на првиот турнир, а повторно ќе играме на свој терен во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести