35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Пораз на стартот за македонските јуниорски на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години со пораз стартуваше на Европското првенство. Нашите млади надежи загубија од врсничките на Црна Гора со 33:29.

Избраничките на Јулијана Црвенкоска беа рамноправен противник во првото полувреме. Црна Гора отвори со 3-1, потоа водеше и со 7-4, но потоа Македонија со серија од 4-0 дојде до водство од 8:7 во 11-тата минута. Водството од еден гол Црвено-жолтите го имаа до пред пет минути пред крајот на првиот дел. Тогаш Црногорките со серија од 3-0 поведоа со 17-15, а на полувреме имаа предност од три погодоци (19-16).

Во вториот дел Црногорките постојано ја контролираа предноста. Брзо стигнаа до пет гола позитива и до крајот без проблем стигнаа до победа. Стефаноска и Јанкулоска со шест постигнати гола беа најефикасни кај Македонија, а по четири погодоци имаа Дукоска и Коцева.

Македонија утре го игра вториот меч, за противник ја има селекцијата на Данска.

- Оглас -

Најнови вести