Бугарија го освои седмото место на Б шампионатот на Европа во кошарка, за играчи на возраст до 20 години по победата против Македонија со 69:64.
Првиот период беше израмнет и заврши со резултат 21:21, а потоа дојде до пад во играта на нашите кошаркарски таленти.
Бугарите искористија и на одморр заминаа со предност од пет поени, 43:38, а продолжија подобро и во второто полувреме, па разликата беше и двоцифрена, 53:43 во средината на третиот период.
Македонските репрезентативци се заканија со голем пресврт во финишот на мечот, стасаа до негатива од само пет поени, 62:67, на неполни 3 минути до крајот, потоа дадоа уште два поени, но недоволно за успех и на крајот се осмопласирани на Б шампионатот на Европа.