Пораз што боли – Една грешка и снаодливиот Пјонтек ја расипаа магијата (Видео)

Полска ја победи Македонија со 1:0 во Скопје во меч од третото коло во Г групата за пласман на ЕП 2020 година, а решевачки беше моментот од почетокот на в торото полувреме.

Само што влезе во игра на местото на Франковски, напаѓачот на Милан Кшиштоф Пјонтек ја искористи лошата реакција на Алиоски и погоди за победа на Полска.

Пјонтек влезе во игра во 46. минута и само 60-на секунди подоцна не казни, за прв наш пораз во овие квалификации.

https://twitter.com/mlsportsnews/status/1137086258973466624

Во првото полувреме Македонија диктираше темпо, беше подобра, но не усепа да ја затресе мрежата на Фабијански, а потоа тешко врзувавме акција по шокот во 46. минута кога примивме гол од првиот директен удар кон мрежата на Столе Димитриевски.

Полјаците имаа повеќе шанси во второто полувреме, а нашите репрезентативци се обидоа со притисок во последните 15-на минути, што за жал не  вроди со плод.

Полска сега има максимален учинок на врвот на табелата во нашата група со 9 бода и се уште е без примен гол, а Македонија падна на третото место со 4 бода, по победата на Израел во Летонија со 3:0. Израелците имаат 7 бодови, а зад нас е Австрија со три бода.

Австријците славеа на домашен тгерен против Словенија со 1:0 и ги прескокнаа на табелата, а последнопласирана е Летонија со три порази.

Следниот меч го играме во понеделник, повторно во Скопје против Австрија од 20.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести