Блокотехна загуби од шампионот Работнички во „мајсторката“ за пласман во финалето од разигрувањата во Првата лига на Македонија, во мечот кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Екипата од Гевгелија играше за историски пласман во финалето, каде што за првпат во клупската историја би се бореле за шампионската титула, но сепак Работнички го искористи искуството и клучниот дуел го добија со 88:78.
Разочаровауњето е огромно во редовите на Блокотехна, а особено тешко го претпи поразот Кенет Фунденбурк, кој по мечот не можеше да ги задржи солзите. Сепак, добро е што покрај него е неговата сакана, па можеби во нејзина прегратка полесно ќе ја преболи елиминацијата.
Инаку, играчот на Блокотехна обично знае да запише солиден учинок, но во овој меч одигра катастрофално и заврши со скромни 6 поени, 6 асистенции и 5 скока, при шут од поле 1/8.