26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Пораз за Ѓаволите, триумф за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер јунајтед загубија со 0-2 од Кристал Палас на „Олд Трафорд“ во 24-то коло од Премиер лигата. Тоа беше дуел на два тима кои се наоѓаат на средината на табелата, а Ѓаволите им приредија уште едно разочарување на фановите.


Кристал Палас поведе со голот на Жан-Филип Матета во 64-та минута од натпреварот. Пред крајот на натпреварот уште еднаш ја погоди мрежата на домаќинот.


Тотенхем стави крај на лошата низа од четири последовни порази, откако победи на гости против Брентфорд со 0-2. Витали Џанелт во 61-та минута си постигна автогол за домашниот тим, а Папе Сар го потврди триумфот на Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести