Пораз за ракометарите на првиот меч: Македонија смрзната на -7 на Фарските острови

Ракометната репрезентација на Македонија со негатива од седум голови ќе го чека реваншот против Фарските острови за пласман на Светското првенство. Домашните комплетно нѐ надиграа во Торсхавн и од првата па се до последната секунда имаа водство за конечна победа од 34-27.

Одбраната не функционираше во текот на целиот натпревар, а за тоа говори и бројот на примени голови, нешто што е несвојствено за ракометарите на Фарските острови. Тие во првото полувреме немаа предност само кога ние израмнувавме на 1-1 и 2-2, и тоа беше се од резултатската неизвесност. Предноста на домашните брзо порасна на +5 и таа разлика успеваа долго да ја одржуваат, се до последната секунда од првото полувреме кога Филип Кузмановски постигна гол за 18-14.

Второто полувреме започна слично, израмнето на стартот, а потоа со резултатска предност за Фарските острови, која неколку пати достигна и осум голови разлика. Македонија успеваше да намали на шест разлика, но на крајот Фарските острови за радуваат на победа од седум голови разлика, а нашите ракометари ќе мора многу да се испотат на реваншот во Скопје во недела.

Најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со осум голови, додека Марко Митев и Никола Костески постигнаа по пет. Никола Митревски имаше шест одбрани.

кузмановски 8

митев костески 5

митревски 6 одб

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести