11.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Порази за Партизан и за Црвена ѕвезда во Евролигата

Партизан доживеа нов пораз во Евролигата, откако вечерва беше поразен од турскиот гигант Фенербахче со 87-99 во натпреварот од 12-тото коло. Белградскиот тим се најде во голема негатива уште по првите две четвртини (39-56). Иако успеаја да се приближат во третата четвртина, немаа доволно сили за комплетен пресврт.

Најдобар поединец кај Фенербахче беше Микаел Јантунен со 17 поени, додека Стерлинг Браун постигна 27 поени за Партизан.

Кошаркарите на Црвена ѕвезда исто така загубија на гостувањето кај Валенсија со 76-73.

Басконија го декласира Баерн Минхен со 95-73, додека Виртус Болоња го совлада Макаби со 99-89.

Олимпијакос немаше проблеми пред своите гледачи и го совлада Париз Баскет со 98-86.

- Оглас -

Најнови вести