Додека екипите од поранешната држава остваруваат сè поголеми успеси на европските натпреварувања, македонските тимови едноставно „тонат“.
Доказ за тоа е и последната листа објавена на фејсбук-страницата „Балкански навивачи“, каде што се објавени десетте најгледани клубови од ексју просторите.
На листата нема ниту еден тим од нашата држава, а на врвот е Хајдук, кој во досегашниот тек од сезоната на домашен терен имал 88.809 навивачи, односно во просек по 9.867.
На второто место е Црвена ѕвезда со 62.469, односно 6.249 по натпревар, додека топ-три ги комплетира Железничар со 36.244 (3.330 по натпревар).