Поразот на Алкарас му помага на Ѓоковиќ, има нова математика за бројот 1 на крајот на годината

Победата на Јаник Синер против Карлос Алкарас во полуфиналето на турнирот во Пекинг потврди дека Италијанецот е најнезгоден ривал за Алкарас, а и му помогна на Новак Ѓоковиќ што подолго да биде на првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ со неиграњето во Астана загуби 250, а Алкарас во Пекинг освои 180 поени (да го освоеше турнирот во Пекинг ќе освоеше 500), па в понеделник разликата помеѓу Србинот и Шпанецот ќе биде големи 2.830 поени.

До крајот на годината, Ѓоковиќ ќе настапи во Торино и Париз, турнири на коишто брани дури 2.100 поени.

Алкарас ќе игра на истите два турнира и уште на два турнира од АТП Мастерс 500 серијата, а не брани ништо од лани и тука е неговата шанса да го грабне првото место.

- Оглас -

Најнови вести