Поразот на Хетафе спречи доделување ваучери, денеска новите парови за Спортска прогноза

Седум прогнозери со по 10 погодени парa од основните 13 беа најуспешни во четвртото коло на Спортската прогноза на Sport Life и Спортманија. Шестмина од нив имаа прилика да освојат ваучер од 500 денари, колку што носи 11-ка, но поразот на Хетафе од Елче спречи таквo сценарио.

Од шесте прогнозери кои чекаа 11-ка, петмина типуваа на победа на Хетафе, а еден имаше реми. За нивна жал, победи Елче. Триумфот на Елче го прогнозираше Александар М., па и тој дојде до 10-ка и им се приклучи на шестемина коишто имаа десет погодоци по саботните и неделните натпревари.

Во Генералниот пласман на оваа интересна бесплатна игра, по четири кола води Никола Д. со 38 поени, а следуваат Влатко Ѓ. и Ендрит М. со по 37.

Двојките од новото, петто коло, ќе бидат објавени денеска во стандардниот термин од 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести