Актуелниот европски и англиски првак, Манчестер сити, не се задоволува со доведувањето на Хрватите Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол, туку сака уште да го засили играчкиот кадар, а главна цел им е Бразилецот Лукас Пакета.
Пакета е играч на Вест хем, каде што дојде од Лион за 50 милиони фунти, и за него Граѓаните понудиле 75 милиони евра. Пакета има договор со Чеканите до 2027 година. Клубот не сака на два дена пред стартот на Премиер лигата да го продаде Пакета, освен ако не добијат некоја астономска понуда.
На Пеп Гвардиола му треба еден таков тип на играч како Пакета бидејќи летово си заминаа Илкај Гундоган и Ријад Марез, а може да си оди и Бернардо Силва.