Поразот од Кристал Палас му пресуди: Брендан Роџерс повеќе не е тренер на Лестер

Англискиот премиерлигаш Лестер и официјално го отпушти менаџерот Брендан Роџерс поради лоши резултати.

По вчерашниот пораз од Кристал Палас од 2:1, управата на Лестер го загуби трпението со Роџерс и денеска му врачи отказ.

Со вчерашниот пораз, Лестер падна на претпоследното место на табелата во Премиер лигата со 25 бода, и во последните пет кола има четири порази и едно реми.

Роџерс на клупата на Лестер седна во 2019 година, а пред две години триумфира во ФА Купот, а потоа и во Комјунити шилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести