Магдебург беше подобар од Еурофарм Пелистер со 31-26 во вечерашниот меч во Битола од ракометната Лига на шампиони.
Во отсуство на Хеидаридад, на голот на битолчани беа Митревски и Брестовац, кои имаа 12 одбрани (Митревски 11), а Манасков и Радивојевиќ со по пет погодоци беа најефикасни.
Јенсен со 6 гола и Клар и Лагергрен со по 5 беа најефикасни во победничкиот тим.
Во следното коло Е. Пелистер гостува кај Загреб, тим против кого ја има една од двете победи сезонава во ЛШ.

