Поразот од Пелистер ќе му пресуди: Гиљермо Милано и Вардар се разделуваат?

Се чини дека поразот од Еурофарм Пелистер и загубената титула од првенството на Македонија ќе донесат големи промени во таборот на двократниот европски шампион Вардар.

Неофицијално, Вардар ќе се раздели со аргентинскиот тренер Гиљермо Милано, кој само пред две седмици на клубот му ја донесе титулата од Купот на Македонија, а два дена подоцна од таборот на Црвено-црните информираа дека продолжен е договорот со тренерот и за наредната сезона.

Сепак, поразот од Еурофарм Пелистер со 30-32 веројатно е клучен за отказот кој ќе следува за аргентинскиот тренер. Вардар на тој меч имаше водство од 15-10 во финишот од првото полувреме, а нерешено пред самиот крај, што му беше доволно за титулата.

Милано во Вардар дојде во октомври 2024 година и се задржа околу седум месеци. Претходно во неговата кариера има работено во националните селекции на Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести