15.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Поразот од Црна Гора може да го прекине континиутетот за настап на големи натпреварувања!

Поразот на Македонија од Црна Гора не е само крај на надежите на нашата ракометна репрезентација за настап во вториот круг од Европското првенство. Доколку не успееме да ја победиме Данска, а реално тоа е тешко остварливо, Македонија на ЕП ќе заврши со три порази во три меча.

Овој неуспех на ЕП ќе значи дека Македонија ќе мора да игра два бараж дуели за пласман на Светското првенство следната година.

Почнувајќи од 2012 година до сега, Македонија во континиутет има настап на пет светски првенства и шест европски собири. Сега ќе биде навистина тешко да бидеме дел и од Мундијалот во 2023 година во Полска и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести