Портланд сака да дојде до „брејк“ во Денвер, но се прашува Јокиќ

Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс, 03 часот – Втор натпревар, полуфинале Запад. Денвер води 1-0)

Од отсуството на повредениот центар Јусуф Нуркиќ во редовите на Портланд, најмногу профитираше ѕвездата на Денвер Никола Јокиќ. Српскиот центар беше незадржлив во првиот дуел кој го доби Нагетс со 121:113, а Јокиќ заврши со високи 39 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Денвер повторно игра пред своја публика и повторно ја има фаворитската улога, а се чини дека Портланд ниту во овој меч ќе го спречи „Џокерот“. Носителот на тимот од Колорадо сигурно ќе цели на нов висок учинок, па затоа може да се типува дека ќе ја надмине границата во трите статистики.

Предлог тип. Н. Јокиќ >44.5 тотал поени+асистенции+скокови (1.90)

 

Каролина хурикејнс – Њујок ајлендерс (01 часот – Трет натпревар, полуфинале Исток. Каролина води 2-0)

Њујотк потфрли во двата меча на домашен терен и сега големи се шансите да бидат елиминирани со „метла“. Каролина во третиот дуел ќе влезе како домаќин и предност од 2-0, така што нова нивна сензација е најавена и наскоро може да се оствари.

Својот карактер Ураганите го покажаа пред три ноќи, кога до победата од 2-1 стигнаа преку пресврт за помалку од една минута. Фогел израмни во 17-тата секунда од последната делница, а Нидеритер погоди само 48 секунди подоцна за ново славје на Каролина против Њујорк.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Далас старс – Сент Луис блус (03:30 часот – Четврти натпревар, полуфинале Запад, Сент Луис води 2-1)

Сент Луис дојде до „брејк“ во Далас со конечни 4-3 во мечот со драматичн финиш кој припадна на гостите. Ѕвездите пред домашната публика ќе се обидат да ги израмнат сметките и да останат во игра за пласман во следната фаза. Во спротивно ќе се најдат во незавидна ситуација, доколку ноќеска загубат, во следниот меч ќе треба да бркаат победа на гости.

Она што се знае е дека Сент Луис во секој триумф од разигрувањата во просек постигнува по три гола, па доколку и ноќеска бидат ефикасни, можно е повторно да бидат на победничката страна. Серијата меѓу Далас и Сент Луис досега не разочара, па нека се стресат мрежите и во четвртата пресметка.

Предлог тип: >5.5 (2.50)

 

Крузеиро – Сеара (00:15 часот – Прва лига Бразил, второ коло)

Шампионот од 2014 година не ја отвори сезоната како што планираше. Крузеиро тргна со пораз од 1-3 на гости кај актуелниот вицешампион Фламенго, но сега имаат добра шанса да ја запишат првата победа пред домашни навивачи и воедно во шампионат. Ноќеска ќе бидат големи фаворити против Сеара, иако тимот од Форталеса стартуваше со убедлив триумф од 4-0 против ЦСА во првото коло.

Од последните шест првенствени меча меѓу овие две екипи, подобар биланс издвојува Крузеиро со три победи, два меча завршиле во корист на Сеара, додека на еден немало победник. Треба да се знае дека токму во последниот дуел Сера триумфираше како гостин на Грузеиро со конечни 2-0.

Предлог тип: 1X & 3-5 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести