Портланд водеше 15 разлика на полувреме, па Голден стејт покажа зошто е првак (Видео)

Голден стејт вориорс поведе со 2-0 во западото финале во НБА-лигата откако на свој терен го победи Портланд трејлблејзерс со 114-111. За разлика од првата средба, во која „воините“ беа доминатни, овојпат Портланд имаше добра шанса за „брејк“, но искуството на првакот му помогна да направи голем пресврт.

По првото полувреме, Портланд водеше 65-50, но Стеф Кари се разигра во третиот квартал, Вориорс дури и поведе со пет поени разлика, но во последната четвртина се влезе со нерешени 89-89. Блејзерс водеше 108-100 на четири минути до крајот и тогаш дојде серија на домашните од 10-0.

Демиен Лилард имаше прилика да се обиде да шутне за продолжение, но Андре Игудала му ја одзеде топката и тука беше крајот. Стеф Кари со 37 поени и со по осум скока и асистенции беше лидер на Голден стејт. Клеј Томпсон имаше 24 поени, а Дрејмонд Грин заврши со 16 поени, 19 скока и седум асистенции. Кај Портланд, Лилард уфрли 23 поени, а Си Џеј Меколум 22 поени.

„Бевме надиграни, но ја украдовме победата“, рече тренерот Стив Кер.

Сега серијата се сели во Портланд, а ако има потреба, екипите во Оукленд повторно би играле на 22 мај, до кога можеби Кевин Дурант ќе успее да закрепне од повредата на листот на ногата. Портланд има 1-10 во плејоф-мечевите против Голден стејт, а Вориорс имаат 31-4 кога Кари дава 30 или повеќе поени.

Погледнете како Игудала одигра одбрана против Лилард во клучниот напад:

- Оглас -

Најнови вести