Порто е подготвен за исто сценарио од пред 11 години, може пак да слави титула без струја на стадионот на светлината (Видео)

Порто е на прагот на јубилејната 30-та шампионска круна во Португалија, а може да ја прослави веќе в сабота ако не загуби кај големиот ривал Бенфика.

На Порто му треба само еден бод во последните две кола за да биде првак, а прва меч-топка има веќе за пет дена на „Луж“ во Лисабон, кај Бенфика, екипа што веќе нема шанси за титулата.

Порто има шест бода предност пред Спортинг, а во сабота може да му се случи реприза од пред 11 години.

Во 2011 година со победа од 2:1 против Бенфика на гости станаа шампиони, а по мечот се случи неочекувано сценарио.

На „Луж“ во Лисабон, што во превод значи стадион на светлината, оддеднаш снема струја, а беше исклучена од домаќините за да ги спречат гостинските навивачи на Порто на нивни терен да ја слават титулата.

Сега има слична ситуација, Порто ако избегне пораз пак ќе слави на „Луж“ ќе ја освои јубилејната 30-та шампионска круна и ќе ја намали разликата на 7 титули во однос на рекордерот Бенфика.

 

 

- Оглас -

Најнови вести