3612 Аталанта – Салернитана (20.45 часот)
Аталанта во претходното коло со триумфот од 3:2 над Милан ја прекина серијата од четири меча без триумф во Серија А, а одличната седмица ја заокружи со убедлива победа од 0:4 во последното коло во групната фаза во Лигата на Европа. Салернитана е последна на табелата во Серија А со само една победа во 15 кола, а на гостувањата од седум меча има само две ремија и дури пет порази. Минатата сезона, Аталанта ја оствари најубедливата победа во Серија А победувајќи ја Салернитана со неверојатни 8:2.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.00)
1112 Бирмингам – Лестер (21.00 часот)
Лестер има мисија експресно да се врати во Премиер лигата и моментно се наоѓа на делба на првата позиција на табелата во Чемпионшип дивизијата заедно со Ипсвич. Двата најдобри тима имаат 10 бода повеќе од третиот Лидс и се најголеми фаворити следната сезона да играат во најсилната англиска лига. Лестер има три победи по ред, и е голем фаворит да дојде до четвртиот триумф. Бирмингам се наоѓа во долниот дел од табелата со само седум победи во 21 натпревар, но во претходното коло славеше над Кардиф со 1:0. И традицијата е на страната на Лестер, Лисиците славеа на последните пет меѓусебни дуели, а последниот пораз го доживеале пред 11 години.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.40)
1361 Жирона – Алавес (17.05 часот)
Жирона е вистински хит во Ла Лига со само еден пораз во 16 кола и моментно се наоѓа на второто место на табелата зад Реал Мадрид со можност да се врати на врвот со евентуална победа над Алавес. Жирона по поразот од Реал Мадрид, одигра осум меча на кои победи дури седумпати и само еднаш одигра нерешено. Алавес кој минатото коло загуби од Лас Палмас со 0:1 е на средина на табелата со 25 бода помалку од Жирона. Домаќинот е голем фаворит за победата, а интересно е што Жирона која во претходно коло ја победи Барселона со 4:2 е најефикасен тим во Ла Лига со 38 постигнати гола.
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.30)
1544 Спортинг – Порто (21.15 часот)
Ова е дуел меѓу два од трите најголеми и најтрофејни португалски тима, а воедно ќе претставува и пресметка за лидерската позиција. Спортинг и Порто моментно се лидери на табелата со по 31 освоен бод, додека третиот гигант Бенфика има бод помалку. Порто во последно време игра одлично против Спортинг и победи на последните пет меѓусебни дуели, од кои четири беа во првенството, а еден во Купот. На сите пет последни дуели имаше најмногу три постигнати голови.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.23)
6000 Флуминензе – Ал-Ахли (19.00 часот)
Ова е прво полуфинале на Светското клупско првенство и во кое јужноамериканскиот шампион ја има фаворитската улога. Флуминензе како најдобар тим од Јужна Америка, исто како и европскиот шампион Манчестер сити, настапите на Светското клупско првенство ќе ги започне токму во полуфиналето. Египетскиот Ал-Ахли во четвртфиналето го победи саудискиот Ал-Итихад со 3:1. Флуминензе е еден од најефикасните тимови во бразилскиот шампионат и се очекува и на денешниот дуел да игра офанзивно, што би требало да донесе голови, најверојатно и на двете страни.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.09)