Порто го казни лошиот Арсенал, Левандовски и Осимен ја спасија вечерта на „Марадона“ (Видео)

Многу тактизирање, а малку голови беа видени вечерва во двата меча од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Наполи и Барселона се задоволија со 1-1, а Порто со гол во 94-тата минута го совлада Арсенал со 1-0 во меч на кој гостите не упатија ниту еден шут во рамките на голот.

Левандовски беше стрелец за Каталонците, негов 31-ви погодок во нокаут-фаза, а израмни Осимен, кој дава гол на секој меч што го има одиграно во кариерата во нокаут-фаза во ЛШ.

На „Драгао“, лондонските Топчии одиграа неверојатно слабо и не заслужија нерешено, а беа казнети дури во 94-тата минута, кога Галено постигна прекрасен гол.

https://twitter.com/i/status/1760422994571116604

 

- Оглас -

Најнови вести