Порто лесно го разби Атлетико Мадрид на „Драгао“, води со 2:0 по првото полувреме и ако ја задржи предноста и победи, ќе ги остави Јорганџиите без настап во Европа.
Атлетико не смее да загуби и ако се случи да не ја анулира предноста на Порто, а Баер Леверкузен не загуби дома од Бриж, шпанскиот гигант нема да презими во европските купови.
Во Леверкузен по првото полувреме е без голови, а првиот на двата меча денеска во ЛШ од 18.45 часот го постигна Мехди Тареми во петтата минута.
Тој е првиот Иранец што постигнал пет гола во Лигата на шампионите.
MEHDI TAREMI SCORES IN LESS THAN 5 MINUTES!!! GREAT ASSIST FROM EVANILSON!!!!https://t.co/dlUR5BF0NA
— Football Report (@FootballReprt) November 1, 2022
Еустакио со гол во 24-тата минута само дополнително ги зголеми маките на Атлетико, а Порто по првото полувреме е лидер на табелата во Б групата.
Ако остане така, тоа му носи привилегија на двојниот европски првак да биде меѓу носителите на ждрепката за осминафиналето во ЛШ.
https://twitter.com/manksa______/status/1587510726373289984?s=20&t=1Ev6SalR1mymKmhmbNJuVA