Порто и Бенфика да им позавидат, Вулверхемптон против Тотенхем има дури седум Португалци во составот

Вулверхемптон на гостувањето кај Тотенхем, на терен истрча со почетен состав во кој има дури седум Португалци, што е изедначување на рекордот на Премиер лигата за број на играчи од иста земја во еден тим, а да не се Британци.

Дури ни португалските гиганти Порто и Бенфика, немаат по седум Португалци во своите почетни состави, но Волците од Премиер лигата, денеска имаат.

Португалската колонија ја сочинуваат Жозе Са, Матеус Нуњеш, Рубен Невеш, Мутињо, Нето, Поденсе и Гуедеш. Комплетниот среден ред и напад се португалски, плус голманот. Во одбраната има по еден Французин, Англичанец и Шпанец.

Ова не е прв, туку четврти пат во историјата Вулверхемптон да истрча на терен со седуммина Португалци во почетните 11. Ниту еден друг премиерлигашки клуб немал толку многу странци од иста земја меѓу стартерите.

- Оглас -

Најнови вести