6023 Бетис – Феенорд (21.00 часот)
Шпанскиот и холандскиот тим имаат различни амбиции во пресрет на меѓусебнит дуел од последното коло во лигашкиот дел на Лигата на Европа. Бетис, кој е осми, со победа би си гарантирал топ 8 и директно осминафинале, додека Феенорд е 26-ти и посакува да си ја продолжи европската авантура, но ќе мора да победи на ова тешко гостување. Феенорд во досегашните седум кола нема ниедно реми (две победи и пет порази), а Бетис има само еден пораз, и тоа во претходното коло.
Предлог тип: 1Х & ГГ (1.86)
6025 Ц. Ѕвезда – Селта (21.00 часот)
Српскиот првак има обезбедено плејоф за осминафинале, а со победа може и директно во осминафиналето. Ѕвезда има серија од четири победи по ред во ЛЕ, сите со по 1-0, додека Селта има еден бод помалку и е тим без нерешен резултат, досега или победуваа или губеа. Црвено-белите немаат пораз на свој терен. Ѕвезда е најнеефикасна меѓу првите 30 на табелата само со шест гола на седум меча. Селта постигна 14 гола, но и прими двојно повеќе голови од белградскиот тим.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.40)
6038 Панатинаикос – Рома (21.00 часот)
Рома е шестопласирана на табелата и ако не загуби во Атина, има добри шанси директно да оди во осминафиналето, победа сигурно ги носи во осминафинале, со пораз ќе треба да чека. Волчицата во седум кола има пет победи, од кои четири во претходните четири меча. Панатинаикос четири кола по ред нема пораз и тоа му донесе гарантирано место во плејофот за осминафинале. Рома е перфектна на гостински терен досега, има три победи на трите гостувања во ЛЕ.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.83)
6026 Порто – Ренџерс (21.00 часот)
Шкотскиот гигант чиј член е Бојан Миовски, вечерва го игра својот последен меч сезонава во Европа и немаат големи амбиции, за разлика од Порто, кој брка место директно во осминафиналето. Порто е деветти на табелата и ако победи, би требало да се пробие во топ 8. Ренџерс е дури 32-ри само со четири бода во седум кола. Сигурно нема да се предадат однапред, но мотивите, а и квалитетот се на страната на Порто, кој игра одлично и во домашното првенство. Порто дома ги доби сите три меча, а Ренџерс губеше на сите три гостувања.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.23)
6037 Штутгарт – Јанг бојс (21.00 часот)
Ова е дуел на два тима кои се во средишниот дел на табелата со тоа што Штутгарт теоретски уште може да се пробие и до топ 8, додека Јанг бојс ако загуби, ќе стравува да не биде симнат под 24-тата позиција. Ни Швабите ни Швајцарците уште немаат нерешен резултат сезонава во ЛЕ. Јанг бојс има пет порази по ред во сите натпреварувања. Овие тимови играа меѓу себе и минатата сезона, тогаш во лигашкиот дел на ЛШ, и германскиот тим славеше со 5-1.
Предлог тип: 1 Двојна (2.45)

