Порто ја освои титулата во младинската Лига на шампиони со победа во финалето во Нион против Челси со 3:1 и е еден од ретките клубови во Европа што во колекцијата сега ги има пехарите од сениорска и младинска конкуренција.
Вјеира, Кеирош и Соуса беа стрелци за новиот европски првак, а голот за утеха за Челси го постигна Редан.
Погодокот на Редан е единствениот што Португалците го примија во нокаут фазата, во која ги елиминираа Тотенхем со победа од 2:0, Нордсјеланд со 3:0 и Хофенхајм со идентичен резултат.
Порто сега им се приклучи на двојните шампиони Барселона и Челси и прекланскиот првак Салцбург како единствени прваци во ЛШ за играчи до 19 години.