Порто сензационално води против Јувентус во Торино со 1-0, а и Борусија Дортмунд води дома со 1-0 против Севилја, па овие две екипи се блиску до пласман во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.
Порто со гол од пенал поведе против фаворитот Јуве, а стрелец беше Сержо Оливеира на кого ова му е четврти гол сезонава во ЛШ, што е одличен биланс за еден играч кој не е напаѓач.
Во Дортмунд, Борусија води против Севилја, па сега на шпанскиот тим му требаат дури три голови во второто полувреме, и притоа да не прими ниту еден, за да оди понатаму. Голот за германскиот тим го даде кој друг ако Ерлинг Халанд. Ова е негов дури деветти гол сезонава на шест меча во ЛШ.
Најголем дел од работата заврши Марко Ројс, а на Халанд после таква асистенција, не му беше тешко да даде гол. Откако ја затресе мрежата на Севилја, Халанд веднаш му се заблагодари на Ројс и покажуваше дека тој е најзаслужен за погодокот.
Ова е голот на Норвежанецот со кој ја стави Севилја во многу непријатна позиција и веројатна елиминација:
https://twitter.com/i/status/1369387016929021954