18.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Порто оди на гости кај тим кого го победи 17 пати во последните 18 средби

3005 Болоња – Џенова (20:45 ч.)

Болоња игра одлично сезонава и има само три порази. Само водечките Интер и Јувентус имаат загубено помалку средби од Болоња, која вечерва игра на свој терен против тим кој е средината на табелата.

Болоња одлично игра пред своите навивачи и е со биланс од седум победи, едно реми, еден пораз и само четири примени гола. Традицијата вели дека на 16 од последните 18 дуели на овие ривали немало повеќе од два гола.

Предлог тип: 1&0-3 (2.45)

 

1103 Фулам – Ротерам (20:30 ч.)

Меч од ФА купот каде што Фулам е фаворит бидејќи ривалот доаѓа од пониска лига. Ротерам е последен во Чемпионшип и многу веројатно е дека ќе испадне, па реално гостите немаат многу шасни да изненадат на ова гостување на „Крејвен котиџ“ во Лондон. Во просек, Ротерам прима по два гола на меч и Фулам тоа треба да го искористи.

Предлог тип: 1-1 (1.69)

 

1104 Тотенхем – Барнли (21 ч.)

Домашниот тим треба да има лесна задача за да продолжи во следната фаза од ФА купот. Барнли е претпоследен во Премеир лигата само со 11 бода, односно дури 28 помалку од Тотенхем.

Во последните 11 меѓусебни средби, Тотенхем има осум победи, двапати се радувал Барнли, а само еднаш било нерешено. Со оглед на тоа дека реми ќе значи да се игра повторен дуел, Тотенхем сигурно ќе настојува уште сега да ги реши сите дилеми.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

2840 Мец – Клермон (20:45 ч.)

Две екипи кои се „печени“ за испаѓање од француското првенство. Клермон е последен само со 11 бода, додека Мец падна во таква криза, па загуби пет од последните шест кола и сега е само на два бода од зоната за испаѓање.

Мец победи на гости кај Клермон во француското првенство и реално е фаворит и на овој дуел од Купот.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.14)

 

1537 Боависта – Порто (21:45 ч.)

Боависта нареди осум порази и само едно реми во последните девет меча што ги одигра и реално домаќинот нема многу шанси за да се радува против Порто, кој е во трка за титулата.

Неверојатна е низата дека Порто има 17 победи во последните 18 меча со овој ривал и сега гостите се големи фаворити.

Предлог тип: 2-2 (2.23)

 

- Оглас -

Најнови вести