7.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Порто, Црвена ѕвезда и Бетис треба да бидат без грешка на свој терен

6029 Порто – Ница (18:45 ч.)

Порто има седум бода по четири меча во Лигата на Европа, додека Ница е очајна и е само една од двете екипи без ниту еден бод досега. Ница влезе во серија порази и во француското првенство, каде што нареди три порази.

Едноставно сите параметри најавуваат дека Порто треба да ги освои трите бода на свој терен, но португалскиот гигант сепак мора да одигра на високо ниво ако сака да ја заврши задачата.

Предлог тип: 1&2-4 (2.20)

 

6032 Црвена ѕвезда – ФЦСБ (21 ч.)

Овој меч е голема шанса за српскиот првак со победа да дојде до реални шанси дека може да се избори и за место во плејофот. ФЦСБ сезонава игра многу под своето ниво. Во првенството на Романија е на разочарувачкото 10-тото место, а и во Лигата на Европа е со три порази од четири меча.

ФЦСБ на почетокот на сезонава загуби двапати и од македонскиот првак Шкендија, што само е потврда дека овој тим има многу слабости.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.45)

 

6033 Панатинаикос – Штурм (21 ч.)

Панатинаикос на свој терен сигурно ќе бара освојување на нови бодови во Лигата на Европа. Штурм нема победа во 90 минути игра на последните седум средби во сите натпреварувања, што е само потврда дека гостите се во резултатска криза.

Тоа треба да го искористи грчкиот тим, за кого ова ќе биде само вториот меч пред своја публика сезонава.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.77)

 

6025 Феенорд – Селтик (18:45 ч.)

Феенорд има четири порази во последните пет меча, додека Селтик е со четири победи во последните пет дуели на шкотскиот гигант.

Пред две сезони овие ривали играа во Лигата на шампионите и тогаш Феенорд дома славеше со 2:0, а Селтик на свој терен беше подобар со 2:1, што е најава дека може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

6036 Бетис – Утрехт (21 ч.)

Во одлична форма се фудбалерите на Бетис, кои имаат само еден пораз во последните 14 средби. Утрехт е тим кој на седум од последните 10 средби дава, но и прима гол, што значи дека игра без многу калкулации.

Во Лигата на Европа Бетис дури е во борба за првите осум места и токму затоа на овој меч едноставно шпанскиот тим мора да брка триумф.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.75)

- Оглас -

Најнови вести