Порто во 2022 година нема ниту еден пораз, но сега е пред голем предизвик

Иако среда е асоцијација за мечеви од Лигата на шампионите, денеска ќе се одиграат и два дуели од Лигата на Европа. Порто е домаќин на Олимпик Лион, а Бетис на свој терен ќе игра со Ајнтрахт Франкфурт.

Порто е во одлична форма пред дуелот со францускиот ривал и има низа од 15 победи и три нерешени, без ниту еден пораз. Последен пат Порто загуби на почетокот на декември минатата година, и тоа од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. По тој неуспех, Порто повеќе од три месеци е без пораз.

Во 11 од последните 14 мечеви во овој период, Порто одигра во комбинација гол-гол 3+, а за да биде и вечерва ваков резултатот на крајот, Sport Life нуди коефициент над ДВА.

Бетис сезонава игра одлично, но како заморот да ја зафати екипата, која во последните четири кола нема победа (два порази и две нерешени). Тоа може да го искористи Ајнтрахт Франкфурт, иако бундеслигашот не е фаворит за победа денеска.

Кај Бетис ќе го нема „триото М“, Морено, Монтоја и Миранда, но и гостите не се комплетни.

Утре ќе се играат останатите пет меча од Лигата на Европа, а за утре се закажани и дуелите од Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести