8.8 C
Skopje
четврток, 4 декември 2025

Порто во финишот славеше против Црвена ѕвезда, триумф за Динамо Загреб

Српскиот првак Црвена ѕвезда го доживеа првиот пораз сезонава во Лигата на Европа откако на гостувањето кај Порто загуби со 2-1. Португалскиот тим поведе уште во осмата минута, со гол од пенал на Вилијам Гомеш.

Белградскиот тим израмни во 30-тата минута преку 17-годишниот Василије Костов. Меѓутоа, во 90-тата минута Мора погоди по еден противнапад и го донесе триумфот на Порто.

Ренџерс со Бојан Миовски на теренот претрпе втор пораз, губејќи со 2-1 на гостувањето кај Штурм. Македонскиот напаѓач одигра едно полувреме.

Динамо Загреб стигна до втора победа, совладувајќи го Макаби со 3-1 на гостувањето. Домаќините поведоа во 14-тата минута, но хрватскиот тим со голови во 16-тата и 19-тата минута направи целосен пресврт.

Во останатите натпревари постигнати се следните резултати: Базел – Штутгарт 2-0, Селта – ПАОК 3-1, Генк – Ференцварош 0-1, Лион – Салцбург 2-0, Нотингам форест – Митјиланд 2-3.

- Оглас -

Најнови вести