Кошаркарите на Порторико се последните кои го визираа своето место на Летните олимписки игри во Париз. Во последниот меч од квалификациите, Порторико на домашен терен во Сан Хуан со 79:68 ја победи Литванија и направи големо изненадување. Порторико е на ЛОИ за првпат точно по 20 години бидејќи немаше настап на Игрите уште од 2004 година во Атина.
Противници на Порторико во групната фаза ќе му бидат Јужен Судан, Србија и САД. Тоа значи дека уште во групата ќе има шоу и дуел меѓу Србија и САД. Во останатите групи ќе играат:
Група А: Австралија, Грција, Канада, Шпанија.
Група Б: Франција, Германија, Јапонија, Бразил.
Во нокаут-фазата ќе поминат најдобрите две селекции од сите три групи, плус двете најдобро третопласирани. Игрите во Париз ќе започнат на 24 јули, а кошаркарскиот турнир стартува три дена подоцна.