Порторико ќе ја почувствува моќта на Црвената фурија

Порторико – Шпанија (14:30ч – Мундобаскет, второ коло)

Избраниците на Серџо Скариоло беа неприкосновени против Тунис на отворањето на Мундобаскетот. Со „стотка“ ја запишаа првата победа, а денешниот ривал може да биде уште еден во низата за зголемување на кош-разликата. Иако Фуријата на овој светски собир дојде без натурализираните Миротиќ и Ибака, засега не се гледаат слабости во нивниот состав, па затоа од нив се очекува нова убедлива победа.

Порториканците имаат еден опасен ас во своите редоите. Хертас постигна високи 32 поени во триумфот над Иран и токму тој ќе биде најголема опасност по кошот на Шпанците. Меѓутоа, разликата во квалитетот е очигледна, за Шпанија ќе биде неуспех победа која нема да биде со +20.

Предлог тип: >157.5 поени (1.90)

 

Андреј Рублев – Матео Беретини (18:30ч – ОП на САД, осминафинале)

Пласман во осминафиналето на ОП на САД е најголем успех и за двајцата тенисери, а само еден од нив ќе продолжи во фазата топ 8, каде што го чека пресметка со Монфис или Андухар. Рублев досега имаше неколку квалитетни противници, но ги совлада и Циципас и Симон, а и Кирјос за да стигне дотука. Во сите три меча загуби само еден сет, што покажува колку младиот Русин е мотивиран да покаже што знае.

На Беретини, пак, трите победи му се со конечни 3-1, што значи дека секој негов меч траел по два часа просечно. Во февруари годинава Рублев му докажа на Беретини дека е подобар од него на тврда подлога, додека Италијанецот памети еден триумф на кал против рускиот тенисер.

Предлог тип: >38.5 гемови (1.87)

 

Александер Зверев – Диего Шварцман (19:30ч – ОП на САД, осминафинале)

Зверев го оствари минумумот, се пласираше во четвртото коло, но Германецот не може да се задоволи со тој пласман. Затоа, во улога на благ фаворит, ќе треба да издвои триумф против Шварцман, против кого веќе има една победа во кариерата, токму на тврда подлога.

Исцрпните дуели против Албот и Тифо може денес да го покажат заморот кај германскиот тенисер, додека сосема спротивна е приказната со Аргентинецот. Шварцман до осминафиналето стигна со победи по три сета, сепак, денес му се предвидува дека ќе изгуби најмалку еден сет, а и цел меч доколку сакаме предлогот да биде точен.

Предлог тип: 1 & 10+ гемови прв сет (2.85)

 

Штутгарт – Бохум (20:30ч – Бундеслига 2, петто коло)

Штутгарт е еден од фаворитите за првите места во германската Цвајта, кои носат пласман во елитата, од каде што и дојдоа оваа сезона. Јасна е целта на некогашниот германски првак, што побрзо да се врати меѓу 18-те најдобри екипи во земјата, а засега се на добар пат да го направат тоа, иако е рано да се предвидува пласман.

По четири кола, Штутгарт има две победи и две ремија, што е сосема спротивно од формата на Бохум (два порази, две ремија). Две години поминаа од нивниот последен дуел, токму во овој шампионат кој заврши со реми од 1-1.  Во шест од последните седум меѓусебни дуели се постигнувале најмалку по два гола, затоа и вечерва очекуваме ефикасен меч.

Предлог тип: 1X & 3-5 (2.30)

 

Слајго роверс – Дандалк (20:45ч – Ирска, Премиер лига, 28-мо коло)

Актуелниот ирски првак е апсолутен фаворит во овој дуел со Слајго, во којшто ќе се обиде да ја продолжи победничката форма на шест меча во низа. Дандалк оствари триумф на три од последните пет гостувања во Слајго, така што не треба да биде проблем да се повтори таков успех.

Слајго до пред едно коло беше во неуспешна серија од пет меча без позитивен резултат, а сега, кога покажаа добра игра против Корк сити, повторно им се готви разочарување. Голеада се очекува, а гостите ќе бидат успешни во својата реализација и во двете полувремиња.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (2.20)

- Оглас -

Најнови вести