Кристијан Порту ги постигна првите голови за Реал Сосиедад, со кои Баскијците ја победија Гранада на гости со 2:1.
Играчот што ја игра првата сезона за Реал Сосиедад, а дојде летово од Жирона, беше стрелец во 21-вата и во 89-тата минута, што беше доволно за да се стигне до котата 22. Толку бодови има сега тимот од Сан Себастијан, а успеа да ја прескокне Гранада, екипа што е хит во Ла Лига сезонава, но сега остана на 20 бодови на шестата позиција.
https://www.youtube.com/watch?v=Bt7XsJyjxss
За домаќините прекрасен гол од слободен удар постигна Вадилјо во 36-тата минута.
https://www.youtube.com/watch?v=5kMdLvyhs_M
Реал Сосиедад сега е и најдобра гостинска екипа во силното шпанско првенство со освоени 13 бодови.