Кристијан Порту рано го реши баскиското дерби, а му припадна на неговиот тим Реал Сосиедад против Атлетик Билбао на Сан Мамеш.
Напаѓачот на гостите погоди во петтата минута и тоа неочекувано беше единствениот гол на мечот.
Во продолжението Реал Сосиедад доминираше во поголемиот дел и имаше подобри шанси за нов погодок, но и вака ги освоија трите бода во големото дерби на Баскија.
Тимот од Сан Себастијан се зацврсти на третото место на табелата во Ла Лига со 29 бода и ја прекина серијата од пет меча без победа.
Атлетик е 12-ти со 18 бода по 17 одиграни натпревари во најсилната шпанска лига.