Португалец е првата жртва на Саудијците: Го купија пред еден месец, а сега сакаат да го избркаат

Португалецот Жота, кој минатиот месец беше најавен како големо засилување за Ал-Итихад, сега се наоѓа од излезни врати од саудискиот тим, објавија англиските медиуми.

Ал-Итихад за Жота на Селтик му плати 30 милиони евра отштета, но сега сака да го избрка од тимот поради големиот број странски фудбалери и желбата до крајот на летниот преоден рок да се донесе звучно фудбалско име.

https://twitter.com/sportbible/status/1693534328259588410?s=20

Наводно, луѓето од управата му рекле на Португалецот дека направиле грешка и дека повеќе не им е потребен во тимот и сакаат да си оди.

Жота по потписот за Ал-Итихад одигра шест натпревари, на кои најчесто влегуваше од клупата за резервни играчи, а на последните два мече не беше дел од тимот.

- Оглас -

Најнови вести