Португалец ќе биде наследник на Салах во Ливерпул

Англиските медиуми се убедени дека Мохамед Салах налето ќе си замине од Ливерпул, и веќе ја започнаа потрагата по негова замена и ја пронајдоа во конкурентот од Премиер лигата, Вулверхемптон.

Ливерпул во последните денови од зимскиот преоден рок имаше понуда на маса тешка 200 милиони фунти од Ал-Итихад за Салах и според „Фудбал инсајдер“, Црвените дел од парите од евентуалниот трансфер ќе ги искористи да го ангажира поранешниот играч на Вулверхемптон, Португалецот Педро Нето.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1756958821791207543

 

Педро Нето од 2019 година настапува за Вулверхамптон и со одличните игри сезонава го привлече интересот на англиските гиганти, Ливерпул и Арсенал. Според медиумите, предност има Ливерпул, кој налето ќе остане без менаџерот Јирген Клоп и повеќе од сигурно и без Мохамед Салах.

- Оглас -

Најнови вести