24.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Португалецот кој ќе замине да работи во Катар ќе биде третиот најскапоплатен тренер

Португалскиот тренер Абел Фереира ќе си замине од тимот на Палмеирас во Бразил и кариерата ќе ја продолжи во Катар. Според португалските медиуми, Фереира добил неодолива понуда од тимот на Ал-Сад и во иднина ќе седи на клупата на овој тим.

Со прифаќањето на понудата од Ал-Сад, Фереира ќе стане третиот најплатен тренер во историјата и ќе заработува неверојатни 20 милиони евра по сезона. Пред Португалецот ќе останат само двајца тренери, и тоа Диего Симеоне, кој во Атлетико Мадрид добива 34 милиони евра по сезона, и Пеп Гвардиола, кој има договор со Манчестер сити според кој годишно добива 22 милиони евра.

Фереира има 44 години и првата самостојна тренерска работа ја имаше во Брага, а потоа го водеше тимот на ПАОК во Грција. Од 2020 година е на чело на Палмеирас, клуб со кој освои две титули во Бразил, а има трофеи и од Либертадорес купот.

- Оглас -

Најнови вести