На натпреварот помеѓу Рединг и Астон Вила од англискиот Чемпионшип, португалскиот фудбалер Нелсон Оливеира се здоби со многу болна и непријатна повреда на лицето, откако со крампоните од копачката на противничкиот играч му беа направени сериозни повреди.
При еден дуел со Тајрон Мингс во 73 минута, Нелсон падна, а Мингс понесен од инерцијата не можеше да запре и несакајќи со копачката го нагази Португалецот чие лице беше облеано во крв.
По укажување на лекарска помош на терен, 27-годишниот Нелсон со многу посекотини на лицето беше префрлен во болница. Неколку часа подоцна, тој покажа фотографија од неговото лице. За Нелсон ова беше само втор меч во дресот на Рединг, каде што настапува како позајмен од Норвич.
Дефанзивецот кој дебитираше во дресот на Вила, му се извини на Нелсон и му посака брзо заздравување. Инаку, на Мингс не му е првпат да згази противник. Во 2017, тој на сличен начин го повреди Златан Ибрахимовиќ, по што доби суспензија од пет меча.
Погледнете како изгледаше дуелот на Мингс и Нелсон Оливеира: