Португалецот е повреден, ништо од дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси

Фудбалскиот свет е во очекување на пријателскиот дуел во Ријад помеѓу Ал-Наср и Интер Мајами, но, пред сè, можеби на последната пресметка на двајцата фудбалери кои го одбележаа денешниот фудбал, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Сепак, екипата на Ал-Наср, односно тренерот Луис Кастро објави дека Кристијано Роналдо вечерва нема да игра поради повреда.

„Роналдо е во завршна фаза од рехабилитацијата. Се надеваме дека во следните неколку дена ќе може да започне да тренира. Тој нема да игра против Интер Мајами“, вели тренерот на Ал-Наср.

Со оваа информација пропаѓа можноста веројатно за последен пат да се судрат најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот. Меси и Роналдо имаат одиграно 36 меѓусебни натпревари, а поуспешен е Аргентинецот со 16 победи, наспроти 11 на Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести